Седумнаесетгодишната средношколка Сања Ѓоргиовска од скопското село Петровец, вчера од Редакцијата на семејниот дневен весник †Вечер” замина со пликот со 8 000 денари. Како наша триесет и осма добитничка од наградната акција, со која им се заблагодаруваме на нашите читатели за нивната 40- годишна верност, таа имаше можност да н&”238; посети и да биде дел од еден број на нашиот весник. Сања учи во трета година во Средното училиште †Димитар Влахов” и има многу другари и другарки, кои ќе бидат почестени за наградата. Секако, сега пред истекот на старата година, секому му се потребни пари за што полуд пречек на Новата година. Така и Сања, парите ќе ги чува за празниците. – Нова година ќе славам во некое од скопските кафулиња со пријатели. Се разбира дека ќе ми требаат повеќе пари за гардероба и за незаборавен пречек. Парите ми дојдоа во вистинско време. Но, дел ќе одвојам да ги почестам и пријателите”- ни рече симпатичната Сања. †Вечер” купува нејзината мајка Тода, која е наша редовна читателка. Во куќата на семејството Ѓоргиовски весникот се читал отсекогаш. Сега, Сања како тинејџерка најмногу сака да ги чита средните страници и делот за забава и рекреација. Иако е девојка, редовно ги прелистува страниците за спортските достигнувања. †На пријателите ќе им кажам да го купат најновиот број на †Вечер”, за да ме видат и да прочитаат за мене и мојата среќа”-рече Сања, која на своите пријатели им порачува да учествуваат во наградната акција и да очекуваат 8 000 денари.