На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време на вонредна состојба со која се уредува вршењето на дејноста интензивна нега и терапија на пациенти заболени од заразната болест коронавирус во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи.

Со измената и дополнувањето на Уредбата се овозможува вршење на услугата за детекција на коронавирус во микробиолошка лабораторија во мрежата на здравствени установи за време на траење на вонредна состојба и од приватни здравствени установи кои не се во мрежата на здравствени установи, со цел зголемување на капацитетите за давање на вакви услуги, во услови на донесена Одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба.

Согласно Oдлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба со која се утврдува постоење на вонредна состојба во земјава за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на коронавирусот, а врз основа на член 126 став 1 од Уставот, Владата ги донесе Уредбата со законска сила, за примена на Законот за ученичкиот стандард за време на вонредна состојба, Уредбата со законска сила за примена на законот за студентскиот стандард за време на вонредна состојба, Програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2020 година, и Програма за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Имајќи ја предвид прогласената вонредна состојба во државата, со овие уредби со законска сила се регулира овозможување ученичките домови, како и со измените во Програмите за ученички и студентски стандард, ќе се овозможи ученичките и студентските домови да се користат како сместувачки капацитети за превенција од ширење на коронавирусот.

извор: Makfax