Наместо предметот историја, учениците ќе изучуваат општествени науки! Новата концепција беше промовирана вчера на онлајн состанокот со директори и наставници од основните училишта, а истата ќе почне да се имплементира од следната учебна година. Оваа реформа од професорката Симона Груевска-Маџоска од Институтот за македонски јазик е оценета како скандалозна.

– Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!, вели во својата објава на Твитер професорката Груевска-Маџоска.

Од Министерството за образование и Бирото за развој на образованието најавија дека историските факти од следната година ќе се учат како дел од предметот Општествени науки, а министерката Царовска на вчерашниот онлајн состанок истакна дека основното образование е базата на образованието и затоа промените почнуваат токму од овде.

„Новата концепција ќе значи повеќе време во училиште, помалку предмети, односно спојување на повеќе предмети во еден, повеќе интеракција помеѓу наставниците и учениците и помеѓу самите ученици. За сето ова е потребна максимална посветеност на наставниците коишто низ креативен и инспиративен начин низ наставата и дополнителни активности вон наставата ќе го поттикнат полниот потенцијал кај секое дете, рече Царовска и додаде дека предвидено е и учениците да имаат повеќе активности и курсеви како дополнителен спорт, странски јазик…

Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго!

 

Не е познато дали укинувањето на предметот историја има врска со споровите со соседите, бидејќи досега ниту некој спомнал ниту најавил дека ќе има ваква измена во образованието.

Презентацијата на МОН и БРО: