Учебна година без наставници
Новата учебна година во Грција на 18 септември ќе почне без учебник по историја и со огромен недостиг на наставен кадар. Официјална Атина изврши контрола на учебникот по историја, кој ги налути Грчката православна црква, Кипар и некои историчари со ублажените верзии за страдањата на Грците за време на турското ропство. Училиштата во Грција исто така се соочуваат и со голем недостиг на наставници. Нивниот број за основните училишта изнесува 10 илјади, а за гимназиите и колеџите пет илјади професори.