Владата утре ќе донесе одлука за тоа дали ќе има продолжен полициски час за време на викендот каде се поклопуваат два празника – Денот на светите просветители св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Бајрам.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера соопшти дека со Комисијата за заразни болести предложиле полицискиот час да трае од сабота од 19 часот до вторник до 05 часот.