x

Утре се одлучува кои екипи ќе играат во Европа!

Управниот одбор на ФФМ утре попладне има состанок на кој ќе се одлучи кои екипи ќе играат во европските натпревари, како и тоа која екипа ќе ја преставува земјата во Лигата на шампионите, а кои три тима во Лигата на Европа.

До прекинот на првенството, Силекс беше второпласиран, и со оглед на суспензијата на Вардар, би можело да се очекува кратовскиот тим да го добие „џекпотот“ и да игра во ЛШ. Шкендија и Ренова завршија на 3. односно на 4. место на табелата, додека 5. беше тимот на Шкупи.

Останува да се види дали овие екипи ќе ја претставуваат нашата земја на меѓународна сцена.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата