x

Утре промоција на женскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром, утре на прес-конференција ќе го престави и официјалното формирање на женскиот кошаркарски клуб под брендот од Аеродром.

Од клубот најавија средба со новинарите на која и официјално ќе биде преставен ЖКК МЗТ Скопје Аеродром кој наскоро ќе се приклучи во системот на натпревари на домашната сцена.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата