Православната црква и нејзините верници 2-ри август го прославуваат големиот празник и со црвени букви, празникот С. Илија.

За Св, Илија се вели дека е непоколеблив светец бидејќи со своите громови пржи и го гори секој грешник без можност да му се простени гревовите.

Св. Илија е роден во Тевист Изреал, во 9 век пред Христос (816 година. Поради местото во кое е роден, го нарекле Илаија Тесвичанин. Спрема преданијта, кога Илија се родил, неговиот татко Саво видел ангели Божји околу детето, како со огнови дтете го повиваат и пламен му даваат да јаде. затоа било преткажувањето за пламениот карактер и неговите огнени сили од Бога дадени.

Целата младост ја поминал во молитви се повлекувал често во пустина, во тишина да размислува и да се моли.

Громот Св. Илија како го нарекувале во народот, паѓа во најсушните и најтоплите денови во годината, а обичај на неговиот празник да не се работи во поле, за да не се навлече гневот на светителот.

Стара народна поговрка вели: “Од Св. Илија сонцето е помило”, што значи дека денешниот ден времето се менува и дека од летото останува малку”

Според педанието обичајот налага на Св. Илија да јадтете мед за да бидте здрави, а мајките задолжително да ги намачкаат обравчињата на децата, за да бидат здрави и весели цела година.

Се верува дека Св. Илија во пламена кочија шетал по небото, со што таа сцена е на сликите на празничните илинденски икони. Позната е сликата на Св. Илија во пештера, во која се криел од суровиот цар Ахава, а гавран му носел храна.

Преданието вели дека Св. Илија ќе се врати пред крај на светот, како би ги запрел Антихристите.