x

Утре е „Ибра ден“ во Милано

Сè е подготвено за големото враќање. Златан Ибрахимовиќ  утре треба да слета во Милано, по што веднаш ќе се упати кон клиниката „Ла Мадонина“.

Според планот, таму треба да ги помине задолжителните лекарски прегледи, по кои ќе замине во клупската база на „росонерите“ и ќе стави параф на 6-месечен договор со својот поранешен клуб.

Неговиот прв тренинг со „росонерите“ ќе биде во попладневните часови, по што ќе се следи неговата форма и ќе се знае кога точно Милан ќе може да го добие во првиот состав во продолжението од сеозната во Серија А.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата