Во текот на утрешниот ден, во периодот од 7 до 16 часот за време на апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопштуваат од ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција, а превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.

Од Јавното претпријатие информираат дека поголем дел од линиите ќе имаат изменет режим на сообраќање, како и дека нема да работат билетарниците, ниту Жичарницата на Средно Водно.

На веб страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.mk може да се види детален опис на движење на сите линии кои ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.