Од „ЕВН Македонија“ информираат дека во текот на утрешниот ден поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат пет општини на подрачјето на град Скопје.

Од 07:20 до 08:00 часот, корисниците од месноста – Бела Земја , с. Кадино и с. Марино, во Општина Илинден.

Од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од ул. Капиштец, во Општина Центар.

Од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од с. Долна и Горна Матка, с. Гулмово и с. Шишево, Општина Сарај.

Од 09:00 до 16:00 часот, без електрична енергија ќе бидат и корисниците од ул. Фрањо Клуз бр. 2 и бр. 4 во Општина Аеродром.

И од 11:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Бардовци, околу училиштето во Општина Карпош.

извор: Makfax