Иако натпреварот помеѓу финалистите основните училишта „ Страшо Пинџур” и „ Мирче Ацев” заврши со резултатот 2:2 , но подоброто бодовно салдо на фудбалерите од „ Страшо Пинџур” од вкупно одиграните натпревари во лигата им ја донесоа шампионската титула за учебната 2015-2016 година.

Второпласирани беа фудбалерите од „ Мирче Ацев” , а третото место го обезбедија учениците од „ Јоаким Крчовски”. Финалните натпревари се одиграа во спортската сала „Христо Батанџиев” .

Оваа лига за седмоодделенци во основните училишта во општината Ѓорче Петров е единствена во нашата земја.

Кон крајот на школската година ќе се одиграат финалните натпревари во мал фудбал за деветоодделенците но и во другите спортови.