Русија во вторникот на полигонот Саришаган во Казахстан го тестираше својот противракетен лансер со краток дострел, јави ТАСС.

– Овие испитувања на противракетниот систем се со цел проверка на тактичко-техничките стандарди, поставени од руските Воздухопловно-вселенски сили, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Во соопштението се додава дека моментно рускиот систем за противракетна одбрана се развива и модернизира, за да се прошират неговите борбени потенцијали.