x

Успеаја да го премислат: Хабиб се враќа во октагонот за битка со Сен Пјер

khabib-ufc-242-gratismatch-1-e1567890769167

Иако пред само неколку недели Хабиб Нурмагомедов објави дека ја завршува кариерата со перфектни 29 победи и без пораз, сепак денеска веќе има најава дека неговата одлука ќе биде променета.

Менаџерот на Нурмагомедов, Али Абделазиз, објави порака на социјалните мрежи со текст: „30-0“, јасно алудирајќи дека Хабиб ќе оди на уште една борба, за да дојде до перфектни 30-0 и да ја исполни последната желба на неговиот покоен татко.

Според неофицијалните најави, Нурмагомедов ќе влезе во октагонот со легендарниот Џорџ Сен Пјер и ќе приреди нов спектакл. Засега нема детали, но очигледно е дека разговорите за подготовка на оваа борба се веќе започнати.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата