-Бизнис-климата во Македонија е одлична и е еднa од најдобрите што сме ја виделе во однос на инфраструктурата, на квалификуваните и талентираните лица, пријателска средина, даночен систем е исто така одличен и мислам дека Владата навистина направи голема работа во смисла на подготовка на земјата за повеќе инвестиции, но и во споредба со другите областа на инвестициите. Од она што го видовме, мислам дека може да се спореди со врвните земји за инвестирање и јас сум прилично голем оптимист дека работите ќе се придвижат и ќе се зголеми темпото на инвестирање и во наредните годините, вели Ал Тавил.

Тој нагласи дека имаат планови за проширување за 2015 и 2016 година кои опфаќаат повеќе области за вложување како човечките ресурси во смисла на квалификувани луѓе кои работат на обука и развој, индустрија за недвижности со користење на различни можности за инвестирање, туризам и другите области на недвижен имот.