x

Уругвај го отпушти селекторот поради корона-кризата

Фудбалската федерација на Уругвај отпушти 400 вработени поради кризата настаната со корона вирусот во оваа држава. Меѓу отпуштените е и легендарниот тренер Оскар Табарез кој беше селектор на уругвајскиот национален тим.

„Извршниот комитен мораше да преземе серија на тешки одлуки за иднината на функционирање на организацијата. Во овие тешки времиња мораме да го одржиме финансискиот баланс“, коментираат од Федерацијата.

Табарес го предводеше Уругвај од 2006 година и го однесе до полуфиналето и до четвртфиналето на Мундијалот, како и до титула на Копа Америка.

До вчера во Уругвај имало 274 случаи на заразени со корона вирус, но ниту едно починато лице.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата