Не се знае на што се надевал сопственикот на шевролет кој го огласил за продажба својот автомобил, но ако ништо друго многумина ги изнасмеал до солзи.

Не секогаш ниската цена гарантира луда забава за идниот купувач на “аждајата“ шевролет круз 1.6 LT Плус од 2012 година, судејќи по огласот кој е поставен на домашен сајт за продажба на автомобили.

“Прв сопственик сум, километражата е вистинска, но ако на некого му смета можам да ја корегирам. Продавам половен автомобил и не може после 265.000 километри да изгледа како нов бидејќи знам како изгледаше во салонот. Го продавам бидејќи ми се смачи, постојано ми се расипува во последно време и немам живци за него. Подобро да го продадам отколку да го запалам. Ме мрзи да набројувам што се му менував и колку пари пари ми сотре кршов.

Делови ретко каде има, а и кога ќе ги најдам чинат како да возам авион, а не кола, а троши… – кога возам на отворено троши осум литри и јас од среќа рипам, по град подобро и да не знаете – ми треба цистерна да влечам со себе.

Има вграден плин, но не смеам да возам на плин бидејќи поради плинот еднаш ја поправав главата на моторот на 105.000. Не можам повеќе, немам ни пари ни живци за него, не сум сигурно осуден да бидам со него до гоб. Никој не сака да ми го украде, и крадците не го сакаат. Немам живци да го сликам повеќе нити имам намера да го мијам, таков е каков е, ми се смачи. Да е добар не би бил овде каде што е“, пишува во огласот.

На продавачот му посакуваат среќа и да јави дали ја продал својата “мака“.