Пред неколку дена биле урнати дел од дрвените огради што Град Скопје на 14 април оваа година ги постави на дивите паркинг места на патот кон средно Водно, објави Тв21.

Овие огради Град скопје ги постави со изговор дека автомобилите што се паркираат на диво покрај патот ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот. Овие диви паркинзи општопознато во скопје е дека се користеа и во доцните вечерни часови.

На паркингот на средно Водно еден час возачите ги чини 100 денари, а секој нареден по 50 денари. За граѓаните кои не доаѓаат со сопствено возило и натаму е понуден бесплатен автобуски презов со специјализирани линии на ЈСП кои проаѓаат и низ централното градско подрачје.

Од овој викенд наплата се воведе и на паркингот кај Св.Пантелејмон, односно спроти комплексот Македонско село веднаш по Горно Нерези.