Ургентен интернистички центар на “Токсикологија”
На Клиниката за Токсикологија ќе се прифаќаат сите болни со ургентни интернистички состојби. Оваа новина ја воведува Клиничкиот центар, а 24-часовното дежурство е поткрепено со конзилијарна служба од супспецијалисти од различни профили. По ургентното згрижување во зависност од болеста и состојбата, пациентите ќе бидат преупатувани на другите клиники од интерниот блок. Во оваа функција е и обврската упатите на ургентните пациенти да бидат адресирани до Клиниката за токсикологија. Пациентите со срцеви проблеми ќе бидат згрижувани на Клиниката за кардиологија, додека оние со ургентни состојби во инфектологијата ќе се прифаќаат на Клиниката за инфективни болести. Преупатувањето на итните случаи пожелно е телефонски да се најави. (Р.Н.)