Британка облече перка од сирена и исплива 190 километри долж реката Темза со цел да подигне свесност за штетноста на пластичниот отпад.

Линдзи Кол ја започнала својата кампања на 1 ноември за да покаже дека луѓето се „задушуваат сирени и суштества во сопствената вода“.

Уметничката Барбара де Мубраи ја следеше Кол со кану, на кое беше поставена „Саманта“, скулптурата од ѓубре. Нивната идеја дошла откако Линдзи се исекла од пластика додека нуркала во Индонезија, истото место каде кит беше пронајден закотвен на брегот, а чиј стомак беше преполн со пластика.

Попатно, Барбара и Линдзи застанувале да ја споделат својата приказна со деца на училишна возраст.

извор: Makfax