Група лица од екстремната десница во Австрија упаднале во централното седиште на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП) на канцеларот Себастијан Курц, соопштија локалните медиуми.

Како што е соопштено седум лица со маски на лицата се искачиле до знамето на ЕУ пред седиштето на ОВП и го замениле со „нивно“ знаме.

Од седумте идентификувачи, петмина успеале да избегаат, но полицијата, која веднаш стигнала до седиштето на ОВП, на лице место го уапсила нивниот лидер Мартин Селнер и уште едно лице.

Лицата, веројатно со оваа акција, сакале да се „одмаздат“ за намерата на австриската влада да ги забрани нивните симболи.