Бегалци и мигранти навлегуваат на Западен Балкан од Грција каде од почетокот на јуни преку илјада луѓе секој ден преминуваат во обид да стигнат кон Западна Европа, соопшти Брајан Хансфорд, портпарол на УНХЦР.

– Тоа е регионален проблем што бара регионален одговор и регионална солидарност, истакна Хансфорд.

Тој додаде дека бројот на бегалци и мигранти во Европа во првите шест месеци од 2015 година е зголемен за повеќе од 80 отсто во однос на истиот период лани.

– Како што расте бројот на мигранти така капацитетите и условите за нивни прифаќање се неадекватни….Луѓе во очај посегнуваат по очајни мерки и за жал, се очекува нивниот број да продолжи да расте, истакна Хансфорд.