Скулптурата бик која беше дел од проектот “Скопје 2014” и со која постојано се фотографираа посетителите на главниот град, беше мета и на несовесни граѓани.

Како што пренесува Фејсбук страницата “Скопска”, пред два дена скулптурата остана без својата опашка.

“Конечно говедата успеаја. Секојдневно се качуваа, го јаваа, корнеа, висеа и бикот попушти.

Со свои очи сме виделе како тетки од по 40 години висат на роговите и се качуваат на главата, а тинејџери се нишаа на опашката. Каде се градските редари и полицијата во Центар. Се надеваме дека Град Скопје ќе интервенира и ќе го завари опашот и повнимава што се случува во центарот на градот” – стои во опис на фотографијата од бикот кој се наоѓа на улица Македонија.