Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во средата го објави мораториум за отплата на заемите за сите компании и приватни заемопримачи до крајот на годината за да ги ограничи економските штети од ширењето на коронавирусот.

Епидемијата со корона вирусот за 56-годишниот премиер Орбан е најголемиот предизвик за неговото децениско владеење бидејќи во време на стабилна економија во земјата се заканува невработеност и привремено затворање на фабрики што претставуваат ризик за застој на економијата на Унгарија.

Орбан, изјави дека главната цел на мерките е да се заштитат работните места од пад на невработеноста во последните години. „Приватните лица и компании, сите приватни лица и сите компании, ќе бидат ослободени од плаќање рати за главница и камати до крајот на оваа година на заеми земени од денес“, рече Орбан во видеото на својата Фејсбук страница.