Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе го одликува со орден “8 Септември” претседателот на унгарската Влада, Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на земјата.

Орденот “8 Септември” на премиерот Орбан, му се доделува за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

Во рамки на официјалната посета на Македонија, освен со својот домаќин премиерот Никола Груевски, унгарскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе се обрати и на Македонско-унгарскиот бизнис форум.