x

Унгарија со супер пресврт во финишот го победи Исланд и избори место на ЕП

ungarija

Унгарската репрезентација се најде на Европското првенство откако вечерва во финалето на Лигата на наците го совлада Исланд со 2:1 и тоа со пресврт во финишот на мечот.

Исланѓаните поведоа со голот на Сигурдсон во 11 минута и го држеа водството се до 88 минута кога Него го изедначи резултатот. Се чинеше дека мечот ќе оди во продолженија кога Доминик Собослаи во 92 минута ја погоди мрежата на Исланѓаните и ја однесе Унгарија на ЕВРО 2020.

Унгарија на континенталниот шампионат ќе игра во групата Ф заедно со Португалија, Франција и Германија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата