Унгарскиот парламент донесе нов сет на мерки за коронавирус, слични на мерките кои се веќе на сила во регинот како во Србија, Хрватска, Словенија, Македонија или Албанија. Унгарските мерки вклучуваат и затворски казни за ширење дезинформации во врска со епидемијата, и право на владата да носи одлуки во време на кризата со декрет.

Парламентот гласаше со 137 гласа за наспроти  53 против за да се донесат мерките, практично со двотретинско мнозинство и рокот на важност е додека трае кризата со епидемијата.

Унгарија долго одоловеше на епидемијата со корона вирусот, практично беше една од последнте држави во Европаската унија во која се појавија заболени од корона вирусот. Денес, Унгарија имаше 447 потврдени случаи на коронавирус и 15 смртни случаи, што е една од најниските стпаки во ЕУ.