Викендов беа избрани уште некои од евровизиските претставници. Со песната “Forogi vilag”, екстрапопуларната група NOX е одбрана да биде претставник на Унгарија, во конкуренција со уште 11 други настапувачи. Унгарија на “Евросонг” последен пат учестуваше во 1998. Германката Грација со песната “Run and hide” ќе ги брани боите на својата земја, која е една од четирите земји што секоја година имаат право на директно да влезат во финале. Нејзини конкуренти беа уште десет песни. На фестивалот “Мелодиенфест” во Стокхолм е избран Мартин Стенмарк да ја претставува Шведска со песната “Лас Вегас”. Со три поени помалку на второ место на нивниот избор се најде другиот фаворит Нане Гронвалд.(Ва.Ѓ.)