„Задоволни сме што имаме можност на креативен начин да го одбележиме денот на жената„, посочија учесничките на денешната манифестација.

Градоначалникот Марјан Ристески ја поздрави манифестацијата и на сите припаднички од понежниот пол им го честита 8- ми Март, посакувајќи им многу здравје и успех.

ЦК „Марко Цепенков” по осми пат ја реализираше оваа креативна манифестација, преку која на поинаков начин, преку творештво и дружба се одбележува меѓународниот ден на жената.

Делата создадени на манифестацијата ќе бидат презентирани на изложба.