x

Улсан е нов освојувач на азиската Лига на шампиони (ВИДЕО)

ulsan

Фудбалерите на јужнокорејски Улсан се годинешни освојувачи на азиската Лига на шампиони. Улсан до трофејот стигнаа со победа од 2:1 (1:1) над ирански Персеполис во натпревар одигран во Доха.

Иранците поведоа со голот на Абди Каре во 45. минута, а Бразилецот Жуниор Негао израмни во четвртата минута од судиското продолжение, кога голманот на Персеполис го одбрани неговиот удар од белата точка, но бразилскиот играч ја испрати топката во мрежата.

Во 55. минута, тимот на Јужна Кореја доби нов пенал, а Негао по вторпат беше прецизен.

За Улсан ова е втор триумф во азиската Лига на шампиони, откако првпат славеа во 2012.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата