x

„Украинско сценарио“ во Струга ТЛ: Тренерот на голманите бранеше на пријателска

miftari

Струга Трим Лум денеска гостуваше во Елбасан, каде одигра контролен натпревар со Партизани Тирана, и резултатот на крајот беше 2:2. Лена и Алтипармаковски погодија за тимот на Струга, а Партизани преку Браун и со автоголот на Мециновиќ во 89. минута успеаја да се извлечат Партизани.

Она што е интересно, во тимот на Струга ТЛ имаше „украинско сценарио“. Поради отсуство на двајцата голмани Ѓуриќ и Мирселоски, на голот застана тренерот на голманите, Дартан Мифтари. Мифтари веќе неколку години не е активен голман, но затоа, пак, е во тие води затоа што ги тренира чуварите на мрежата на Струга. За Украина пред неколку дена резервен голман беше Александар Шовковски, кој што е во 45. година, и е асистент тренер на Украина. Но во отсуство на голмани, тој беше пријавен како втор голман.

Пред неколку години имавме и уште едно вакво сценарио, и тоа во Еуромилк. Тогаш Саша Илиќ, тогашниот тренер на голманите на тимот од Лисиче, застана на голот на неколку меча. Одбрани и пенал во Штип.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата