Украинската кујна има богата историја и понуда на разновидни јадења, а дел се позајмени од другите кујни во повеќето случаи од соседите како: германската, турската и полската. Најчести продукти што се користат се месото, особено свинското, зеленчукот, овошјето, печурките, зрнестите плодови, а мошне важно место заземаат и зачините. Од нив се подготвуваат традиционалниот боршч и пампушките (слатки земички), варенките и колбасите, грнето со месо и надалеку прочуените пијалаци направени од овошје и мед. Популарни месни јадења се украинските топчиња од мелено месо; крухениките-ролнички од месо; Слатките печива ги сочинуваат: варенките, халушките, палачинките, колачите со путер, бабките и сл. Интересен податок е тоа што јадењата во Украина се мошне ароматични и содржат разновидни тревки и зачини, вклучувајќи ги лукот, магдоносот, копарот, нането, сенфот, пиперот и циметот. Украинската кујна е поврзана со обичаите, културата и начинот на живеење на украинскиот народ, а како најпопуларно јадење се смета боршчот, вкусна традиционална супа, што се служи со околу 25 различни состојки, и најчесто секое семејство си има свој рецепт, што вклучува месо, печурки, грав, па дури и суви сливи. Украинците сакаат и млечни производи. Нема празник без пита, пампушки (крофнички), баба (висок цилиндричен колач), колачи со мед… Мошне вкусни се и украинските колбаси што се чуваат на специјален начин – во порцелански садови, потопени во разблажена маснотија.
Традиционални јадења:
Супи
боршч: мошне популарна супа меѓу словенските народи; постојат повеќе од 30 вида; капушниак: супа од кисела зелка росолник: супа со бубрези и саламурено месо вушка “мали уши”: супа со кнедли и печурки
Главни јадења
варенки: кнедли холубтси: листови од зелка полнети со мелено месо и ориз или листови од хељда сиринки: крофнички од сирење блини: палачинки полнети со сирење гулаш: гулаш коубаса: чадени свински колбаси со лук
Десерти кутиа: традиционално божиќно јадење со афион, пченица, лешници
Пијалаци
Алкохолни: хорилка (мошне популарна е домашната хорилка, вклучувајќи ја тука и онаа збогатена со овошје, зачини и лута пиперка)
Безалкохолни: компот и квас


Вариво од свежо овошје и јагодести плодови (десерт)
Потребно:
разно свежо овошје
јагодесто овошје
шеќер
вода
клинчиќ
цимет
лимонова кора
Подготовка: Јагодестите плодови посипете ги со шеќер во прав, оставете ги да стојат 15-20 минути, а потоа прелијте ги со врела вода и ставете ги во рерна околу 40-50 минути (во затворен сад). За да се добие вкусно и ароматично вариво, многу е важна претходната подготовка на овошјето и јагодестите плодови. Сувото овошје мора да биде внимателно одбрано и измиено во ладна и топла вода; свежото само во ладна. Исто така, е важно да се внимава на правилниот однос вода, овошје и шеќер. На 1,25 литри вода земете најмалку 500 г свежо овошје или 300-400 г суво, од 3/4 до една чаша шеќер и една голема лажица мед. Од зачините се употребуваат клинчиќ, цимет и лимонова кора. На споменатото количество вода земете 3-4 клинчиќа, 1/2 чајна лажица цимет, една чајна лажица лимонова кора, како и 1/2 чајна лажица лимонова киселина или половина свеж лимон (сок и кора). Лимонот ставете го кон крајот на готвењето, пред да го тргнете варивото од огнот, и тоа, сокот исцедете го, а кората излупете ја и иситнете.


Боршч (предјадење)
Потребно:
500 г говедско
200 г свинско
100 г шунка
50 г сало
2 литар квас-сировец
2 цикли
1/4 главица зелка
3 домата
1/2 чаша кисела павлака
1/2 чаша варен грав
4 компира
1 репка
1 морков
магдонос
2 главици кромид
3 ловорови листа
2 зрна ароматичен бибер
6 зрна бибер
4 чешниња лук
по една лажичка целер,
копар,
мајоран,
лист од магдонос
1 чајна лажичка сол
Подготовка: Подготовката на боршчот трае околу 3 часа, а од почетните 3 л течноста треба да се редуцира на половина. Бујонот од говедско и свинско подгответе го на квас-сировец во целост или само делумно. Потоа заедно со првиот зеленчук додадете му ситно исечена шунка. Редоследот на ставање на зеленчукот во бујонот е мошне важен: Компирот се става 30 минути пред боршчот да биде готов; зелката 20 минути; циклото претходно се пече во кора, исчистете и исечете го, па додадете го 15 минути пред крајот; пропржениот зеленчук (кромидот, морковот, магдоносот) – 15 минути; зачините 5-8 минути; лукот (посебно од останатите зачини) – 2 минути. Гравот се вари посебно, бидејќи долго се вари – повеќе од еден час и во боршчот се додава 15 минути пред да биде готов.

Квас-сировец
За подготвување на квасот на 2 литри вода земете еден кг ‘ржано брашно и 10 г квасец. 1-2 големи лажици брашно разматете со квасец во топла вода (отприлика 1-1,5 чаша) и оставете да проврие. Преостанатото брашно прелијте го со врела вода, замесете тесто со густина на павлака и ставете го на топло место. Во тестото додадете го делот што врие, разредете со топла вода (до конзистенција на густ квас). Долевајте вода (1/2 литар на литар употребено количество) за време на употребата.


Динстана кокошка со галушки (главно јадење)
Потребно:
1 кокошка
1 чаша вода или бујон
100 г путер
1/4 чаша сок од лимон
2 чаши готови галушки (кнедли)
Подготовка: Кокошката исечете ја на 4 дела, ставете во сад, прелијте со вода и сок од лимон, додадете путер, насолете и динстајте еден час на тивок оган. За тоа време подгответе ги галушките од пченично брашно и посебно сварете ги. Кога кокошката ќе биде готова, посипете ја со готовите галушки, измешајте и додадете уште путер. Оставете во рерна 10-15 минути поклопено.
Подготовка на галушките: Во четвртина чаша врела вода потопете една лажица брашно, добро измешајте, па оладете. Потоа додадете јајце, преостанатото брашно и замесете тесто; ако излезе тврдо, додадете малку вода. Тестото не смее да биде потврдо од густината на павлака. Земајте од тестото со чајна лажичка и ставајте во насолена врела вода. Галушките варете ги додека не излезат на површина, потоа исцедете ги на цедалка.