Вчера околу 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Девеани“ во Битола, непознато лице насилно влегло во трафостаница, сопственост на ЕВН Македонија и одзело електричен материјал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

извор: Makfax