Вазна и цвеќиња – Винсент ван Гог

Делото на Ван Гог било украдено од музејот Махмуд Калил во Каиро во 2010 година. Се проценува на 50 милиони долари.

Гулаб со грашок – Пабло Пикасо
Сликата е создадена во 1911 година, а стана жртва на грабеж во мај 2010 година, кога со уште четири ремек-дела биле украдени од Музејот на модерна уметност во Париз. Се проценува на околу 100 милиони долари.

Концерт – Јоханес Вермер
Сликата на Вермер настанала во 1664, а исчезнала со уште 12 други слики во 1990 година во големиот грабеж на Изабела Стјуард Гарднер Музејот во Бостон. Се проценува на околу 200 милиони долари.

Бура во Галилејското Море – Рембрант Хермесон ван Рајн
Ова ремек дело од 1633 година исчезнало заедно сосликата “Концерт” на Вермер во кражбата во музејот “Изабел Стјуард Гарднер” во Бостон. Се проценува на 50 милиони долари.

Светиот Френсис и Свети Лоренс – Караваџо
Делата на Караваџо се меѓу највредните во светот и често биле цел на кражба. Една успешна кражба се случила во 1969 година кога сликата била украдена од ораториумот “Сан Лоренцо# во Палермо.

Праведни Судии – Јан ван Ајк
Сликата е создадена меѓу 1426 и 1432 година, која била украдена во 1934 година од катедралата на “Свети Бава” во Гент (Белгија).

Портрет на еден млад човек – Рафаело
Ова ремек-дело создадено околу 1513 г. се смета за една од најзначајните слики во историјата на уметноста. Таа исчезнала за време на Втората светска војна откако беше запленета од страна на Гестапо.

Мост Чаринг Крос, Лондон – Клод Моне
Помеѓу 1899 и 1904 година, Моне го насликал познатиот циклус Черинг Крос мост во Лондон, во кој мостот се прикажува во различни периоди од денот и од различни агли. Една од сликите е украдена од музејот Кунстхал во Ротердам во 2012 година.

Читање на девојката во бело-жолто – Анри Матиз
И оваа слика е украдена кога и “Черинг Крос мост Лондон” од музејот Кунстхал во Ротердам. Насликана е во 1919 година, а се проценува на околу 50 милиони долари.

Френсис Бејкон, Луцијан Фројд
Сликата била украдена во 1988 година од Берлинскиот музеј Неуе Натионалгалерие, веројатно од студентот на Бејкон. Се проценува на околу 150 милиони долари.