Во 19 часот e укината забраната за движење за камиони на патниот правец крак Маврово- Дебар, соопшти АМСМ.

Забраната беше воведена од 17 часот.

Од Автомотосојузот информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а врнежи од снег се бележат во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража.

извор: Makfax