Во Шпанија вкупно заразени се 72,248 лица, додека тој број во петок изнесувал 64.059…

Број на починати од корона вирус во Шпанија во тек на една ноќ пораснал за рекордни 832 и сега изнесува 5.690, соопштило Министерствот за здравје на таа земја.

Во Шпанија вкупно заразени се 72.248 лица, додека таа бројка во петокот изнесувала 64.059, додава Ројтерс.

Бројот на заразени од корона вирус во свет пораснал на 613.829, досега починале 28.228 лица, а 137.224 се опоравиле, покажуваат најновите податоци на сајтот “Worldometar”.