Ужасни услови за живот за мечката во зоолошката во Штип. Граѓаните споделија фотографии од кои се гледа како условите за живот стануваат се помизерни и како мечката се измачува а се уште никој не презема ништо и покрај најавите за тоа.

Обично,се случува хаварија, па се бараат виновници. Минува времето, се заборава случајот, никој не е одговорен и се’ така до бесконечност…

На мечката во ЗОО Штип условите за живот и’ се повеќе од мизерни, но и покрај критиките на НВО-ата и загрижените граѓани, никој не презема.

Слични реакции имаше и во мај годинава кога Зоолошката во Штип беше наречена „Логор на измачување и смрт“

Градоначалникот на Штип Благој Бочварски во јуни годинава изјави дека е најдено решение и ќе има ново живеалиште. Сепак шест месецви подоцна ситуацијата во која се наоша мечето не е промента и тоа се уште се измачува во Зоолошката.