Мајкатата Лиза Снајдер (37) од Пенсилванија е обвинета дека ги обесила нејзините две малолетни деца Коннер (8) и Бринли (4). Таа прд судот рече дека децата се заканувале дека ќе извршат самоубиство и го сториле тоа сами, но истрагата открила дека Лиза пребарувала преку Интернет за да дознае начини како се врши самоубиство. Потоа, беше обвинета за убиство на нејзините деца, а сакала ттоа да го прикаже како самоубиство.

Настанот се случил во подрумот на семејната куќа, а децата биле обесени со каиш за водење кучиња. Случајот го пријавила мајката Лиза Снајдер со образложение дека децата сами извршиле самоубиство. Биле пронајдени се уште живи,но починале три дена потоа во болница.

Според медиумите, децата биле пронајдени во семејниот дом во септември минатата година, а истражителите потоа пронашле експлицитни фотографии од Снајдер како сексуално го злоставува семејното куче. Таа изјавила пред полицијата дека имала пит бул што подоцна го подарила некому.

Во 2014 година на Лиза и биле одземени двете деца кога од властите, но тие биле потоа вратени по неколку месеци. Сè уште не е познато зошто. Мајката од пеколот рече дека не е виновна за обвинението. Се соочува со најтешката, смртна казна за сторените дела.