x

УЖАС ВО ПОРТУГАЛИЈА: Со пиштол застрелан репрезентативец

tavares

Фудбалерот на Спортинг Бруно Тавареш е застрелан во градите со пиштол и итно е пренесен во болница каде што лекарите се борат да му го спасат животот. Како што наведуваат португалските медиуми не се работи за напад, туку се несреќа. Младинскиот репрезентативец случајно бил застрелан од пријател. Тие биле заедно во автомобил, едниот од нив си играл со пиштол кој случајно пукнал.

Младиот крилен напаѓач (18) бргу е пренесен во болница, а лекарите по интервенцијата соопштија дека тој имал многу среќа и дека со брза реакција останал во живот. Инаку Тавареш за сите младински селекции на Португалија одиграл 38 натпревари и постигнал 10 голови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата