x

УЕФА ранкинг: Шкендија најдобар македонски клуб во Европа, шеста од тимовите од екс – СФРЈ!

skendija-kriza

Синоќа по одиграното коло во Лигата на Европа, УЕФА утринава излезе со најновиот ранкинг на клубовите. Секако дека за нас е најинтересно за тоа да видиме каде се нашите, а од нашите само Шкендија е меѓу првите 200 клубови во Европа. Имено тетовци се на 132. место со 9.000 ранкинг поени или клупски коефициент. Тоа е добар ранкинг, но дали е доволен за следното лето во квалификациите во ЛШ во првото квалификациско коло биде носител, останува да се види. Се разбира дека Шкендија прво мора да ја освои титулата во ПМФЛ.

И пак да кажеме дека тоа е добар пласман ако се знае дека од клубовите од екс – СФРЈ, Шкендија е на 6-тата позиција, и е пред еден Хајдук, Зрински, Олимпија, Сараево, Осијек.

РАНКИНГ ОД 04.12.2020

1.Баерн Минхен (Германија) 120.000 коефициент

2.Барселона (Шпанија) 116.000

3.Јувентус (Италија) 111.000

39.Динамо Загреб (Хрватска) 35.500

50.Ц. Звезда (Србија) 29.500

80.Партизан (Србија) 18.000

104.Марибор (Словенија) 14.000

119. Ријека (Хрватска) 11.500

132.ШКЕНДИЈА (Македонија) 9.000

137. Зрински (БиХ) 8.000

138. Хајдук (Хрватска) 8.000

142.Олимпија (Словенија) 7.750

170.Сараево (БиХ) 6.250

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата