x

УЕФА потврди: Ф8 во ЛШ во Лисабон, Ф8 во ЛЕ во четири германски градови

Она што кружеше како информација изминативе денови денеска доби и официјална потврда. Четвртфиналните дуели, полуфиналните дуели и финалето ќе се играат во Лисабон меѓу 12 и 23 август. Тие дуели ќе се играат како еден меч во турнир Фајнал 8.

Финалните борби во Лига Европа ќе се играат во германските градови Дуизбург, Гелзенкирхен, Дизелдорф и Келн.

Мечевите ќе се играат од 10 до 21 август, а финалната битка за титулата ќе биде во Келн. Турнирот „Ф8“ ќе се игра во еден меч.

Суперкупот на Европа оваа година ќе се игра на 24 септември во Будимпешта.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата