x

УЕФА официјализираше: Ф8 во ЛШ во Лисабон, Лигата Европа со завршница во Германија!

Како што јави Скај спорт, УЕФА на денешниот состанок и официјални ги потврдила најавите дека Ф8 во Лигата на Шампионите ќе се игра во Лисабон од 12 до 23 август. Финалето ќе се игра на стадионот на Бенфика на 23 август. Додека завршницата од Лигата на Европа ќе се игра во четири града во Германија (Дуисбург, Келн, Дизелдорф и Келн) и тоа од 10 до 21 август. Додека финалето ќе се игра во Келн на 21 август.

Супер Купот е закажан за 24 септември во Будимпешта.

Да кажеме и тоа дека на 7 и 8 август ќе се доиграат мечевите од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата