x

УЕФА одлучи: ЛШ во Лисабон, ЛЕ во Германија

Доколку информацијата на Скај Спортс е точна, а овој англиски медиум одсекогаш бил попричично веродостоен тогаш УЕФА веќе донела одлука завршницата од Лигата на шампионите, односно четвртвфиналните, полуфиналните и финалето да се играат во Лисабон, како што и беше најавено.

Од друга страна пак, Лигата на Европа според Скај дефинитивно го добива својот првак во Германија, нормално и обете конкуренции преку Фајнал ејт турнир.

Европскиот супер куп ќе се игра во Будимпешта, додека пак финалето во женска конкуренција ЛШ во Шпанија. Одлуката ќе биде изгласана и објавена на 17. јули.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата