x

УЕФА нема намера да го одложува или презакажува ЕУРО 2020

Голем број европски фудбалски федерации ја повикуваат УЕФА да го одложи Европското првенство поради ширење на коронавирусот, но од Европската фудбалска централа остануваат на ставот дека континентанлиот шампионат ќе се одржи според планираното – од 12 јуни.

Коронавирус го прекина италијанскиот шампионат, многу европски лиги се играат на затворени стадиони, а можно е и другите првенства покрај италијанското да бидат прекинати. Доколку има одложување на натпреварите, постои опасност да има краен рок за одигрување на сите заостанати натпревари, бидејќи репрезентациите треба да се подготват за европскиот шампионат.

На прашањето што ќе биде со планираниот старт на ЕП 2020, од УЕФА до хрватски „Индекс“ одговориле:

„Евро 2020 ќе започне во Рим на 12 јуни. УЕФА комуницира со сите локални и меѓународни власти и ги следи развојот на настаните. Засега нема потреба да се менува распоредот и времето на првенството. Проблемот ќе продолжиме да го следиме внимателно“, одговориле од УЕФА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата