x

УЕФА контра ФИФА: Враќањето на фудбалот е „дефинитивно можно“

Претседателот на медицинскиот комитет на УЕФА, Тим Мејер, тврди дека е „дефинитивно можно“ да се продолжи сезоната 2019/20. Оваа негова изјава доаѓа само ден по тврдењето на шефот на медицинскиот оддел во ФИФА, Мишел Д’Хог, дека има се помалку шанси за враќање на фудбалот на терените ова лето.

Сепак, Тим Мејер зазеде поинаков став од својот колега, поддржувајќи го враќањето на фудбалот во периодото мај-јуни.

„Во разговорите за какво било враќање на елитно ниво на фудбал, здравјето на играчите, сите оние кои се вклучени во потенцијални натпревари и пошироко, јавноста е од огромно значење. Сите фудбалски организации кои планираат рестартирање на своите натпревари, ќе изготват сеопфатни протоколи кои ги диктираат санитарните и оперативните услови за да се обезбеди заштита на здравјето на оние што се вклучени во игрите и да се зачува интегритетот на јавната политика. Под овие услови и со целосно почитување на локалното законодавство, дефинитивно е можно да се испланира повторното започнување на натпреварите кои беа суспендирани во март“, смета Мејер.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата