x

УЕФА го преместува финалето на ЛШ од Истанбул во Лисабон?

Финалето на УЕФА Лигата на шампионите оваа сезона, сепак, нема да се игра во Истанбул, објави денеска „Њујорк Тајмс“. Според извори на весникот, финалниот натпревар ќе биде преместен од Турција поради епидемиолошката состојба во земјата. УЕФА веќе работи на обезбедување нов адекватен стадион и град за најголемиот фудбалски дуел на континентот.

Одлука за новото место за одигрување на финалето ќе биде донесена кон средината на јуни, а една од реалните опции за кои се разговара е Лисабон. Истанбул најверојатно ќе добие право да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во некоја од следните сезони.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата