x

УЕФА го дисквалификува првакот на Словачка

uefa-logo-novo

УЕФА конечно излезе со официјална одлука за дуелот меѓу меѓу Клаксвик од Фарските острови и Слован од Братислава, Словачка. Натпреварот беше закажан двапати и двапати беше откажан, бидејќи прво физиотерапевтот, а потоа и двајца членови на екипата од Словачка беа позитивни на тестовите што беа направени во Торшавн.

Иако од таборот на Слован обвинија дека ги обвини Фараните за фалсификување на резултатите за да не се одигра натпреварот, сепак се елиминирани од квалификациите за Лига Европа. Клаксвик оди директно во второто коло.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата