x

УЕФА ги прекина квалификациите за У19, Македонија остана без настап во елитната рунда

mak-u19

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години нема да добие шанса да се „проба“ со Шпанија, Бугарија и Белгија во елитните квалификации за ЕП 2020. Извршниот комитет на УЕФА одлучи да го откаже преостанатиот дел од квалификацискиот дел за ЕП до 19 години чиј завршен турнир требаше да се одржи во Северна Ирска.

Причина, моменталната нерешена епидемиолошка состојба во Европа како резултат на потешкотиите во патувањето. Бидејќи ова првенство на УЕФА до 19 години беше квалификациско и за Светскиот шампионат на ФИФА за играи до 20 години, (Индонезија 20 мај до 12 јуни 2021), УЕФА соопшти дека е одлучено петте места резервирани за европски тимови на ова СП да се доделат на селекциите кои ги заземаат првите пет позиции во рангирањето според коефициентот од квалификациите за сезоната 2019/20. Тоа се селекциите на: Англија, Франција, Италија, Холандија и Португалија.

Воведувањето на неодамна одобрениот нов формат со тимови поделени во три различни лиги со промоција и испаѓање и завршен турнир со учество на осум селекции од летото 2022 година е одложено за 2023 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата