Твитерот на мултимилијардерот Бил Гејтс и Илон Маск им го хакирале, а на нив се појавиле пораки во кој ја промовираат биткоин валутата.

– Се чуствувам одлично, ќе ја удвојам секоја уплата на мојот биткоин сметка. Вие уплатете ми 1.000 долари, а јас вам ќе ви уплатам 2.000. Важи само во следните 30 минути – наведено е во објавата на Твитер на Бил Гејтс. Под оваа порака стоела биткоин шифра за уплата.

Твитот набрзо е повлечен, но го заменил истоимениот кој исто така набрзо е повлечен. Само неколку часа скоро истиот твит се појавил на официјалниот профил на Бил Гејт, но после дваесетина минути е избришан.

По повод на тоа се огласиле претставниви на Твитер, кои навеле дека работат на решение на проблемот.

– Можеме да потврдиме дека твитот не го напишал Гејтс – рекол претставник на Твитер.

– Ова е дел од поголемите проблеми со кој се соочува Твитер. Работиме на тоа да го обновиме налогот – изјавил тој.