x

Удинезе изненади кај Каљари, Рома победи со два гола од пенал (ВИДЕО)

roma

По несреќниот пораз од Наполи во минатото коло, Удинезе на нашиот Илија Несторовски славеше вечерва на гостувањето кај Каљари и целосно се одлепи од опасната зона на табелата во Серија во пресрет на последните две кола. Единствениот гол во победата од 1:0 го постигна Стефано Окака уште во 2. минута на мечот.

Илија Несторовски почна од клупата, но доби шанса да ги одигра последните 25. минути од мечот.

Фудбалерите на Рома вечерва славеа над Фиорентина со 2:1 и се зацврстија на 5. место на табелата со предност од 4 бода пред екипата на Милан. „Волчицата“ поведе во финишот на првото полувреме со голот од пенал на Верту, а гостите успеаја да израмнат на 1:1 преку Миленковиќ по само 10 минути игра во вториот дел.

Одлуката за победа на Рома падна во 87. минута, кога Верту со втор гол од белата точка на домашните им донесе радост за нова победа.

Испаднатиот СПАЛ одигра 1:1 со Торино, додека Лацио ја „преслуша“ Верона со убедливи 5:1.

Standings provided by Sofascore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата